НА КОНКУРС ЗА ВО БОЛНИЦА НЕ СЕ ЈАВУВА НИКОЈ: Сестрите заминуваат во Германија
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2018
Во најголемата болница во Загреб, KBC намален е бројот на кревети.
Поради заминувањето на медицинските сестри, се јавуваат проблеми во работењето и тие се решаваат моментално.
Примени се итно 10 сестри, а наскоро ќе бидат примени уште 7, за да во иднина не се случуваат непредвидени ситуации.
На хрватскиот Завод за вработување може да се види дека има недостиг на медицински сестри. Сега се бараат 254 медицински сестри, ако се видат огласите.
Но, ова не е конечна бројка која ќе покаже колку сестри фалат, затоа што многу установи самите си објавуваат на своите веб страници колку сестри им се потребни. Земјата има околу 30.500 медицински сестри, а фалат од 8.000 до 12.000, пишуваат регионалните медиуми. Од влезот во ЕУ заминале 1.000 медицински сестри. Има многу сестри кои за кратко време ќе заминат во пензија, а нивното место нема кој да го пополни.