24 Април, 2024
0.0275

НА КРАЈОТ НА МАЈ: Јавниот долг достигна 53,3 отсто, но тука ги нема парите од еврообврзницата

Објавено во: Економија 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Заклучно со мај, што значи пред повлекувањето на парите од еврообврзницата, јавниот долг на земјава бил на ниво од 53,3 отсто од БДП, обелодени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Ова е нивото на долгот откако земјава ги повлече заемот од ММФ и други кредити за надминување на кризата, но се уште ги немаше повлечено парите од еврообврзницата, на сума од 700 милиони евра.  

Инаку, на крајот на првиот квартал од годинава, јавниот долг на земјава беше на ниво од 50,7 отсто. Тоа значи дека за два месеци, задолженоста се зголемила за 2,6 процентни поени. Во тоа зголемување влегуваат заемот од ММФ и други кредити за надминување на кризата, но не и парите од еврообврзницата. 

Колку ќе се зголеми долгот со 700 милиони евра од еврообврзницата, би требало да се знае кога Финансии треба да ги објави бројките на крајот на овој месец, а ќе се однесуваат заклучно со крајот на првото полугодие. 

„За тоа колку ќе изнесува долгот, уште се доработуваат податоците, но ние оваа година ќе се потрудиме порано да го објавиме јавниот долг, односно податоците јавноста да ги има порано од законските рокови за транспарентност“, рече Ангеловска. 

Во моментов Владата не смета дека има потреба да се разговара за дополнителен ребаланс на буџетот, по само еден месец откако направи ребаланс со цел, како што вели првата финансиерка, токму да се одговори на кризата. 

„Има скратено непотребни трошоци, реалоцирани се сите дополнителни средства што му се потребни на секторот задравство, да тече непречено здравствената заштита, платите, пензиите и социјалната помош. Ќе ја следиме состојбата, реализацијата, во третиот квартал очекуваме подобрување и да видиме како тоа ќе оди, и секако,ако има потреба ќе се преземат дополнителни чекори. Во моментот ребалансот е скроен за да може да одговори на сите потреби на оваа криза. Имаме обезбедено и бафер на дополнителни средства ако треба да се прави до крајот на годината друг ребаланс и понатаму да се продлабочува дефицитот, и за тоа обезбедивме средства. Делувавме одговорно, подготвени сме и за полошо сценарио, но работиме за да се случи подоброто“, рече Ангеловска. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?