26 Септември, 2021
0.0217

НА ЛУЃЕТО НАД 60 ГОДИНИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ КАЖЕ ДЕКА КИНЕСКАТА ВАКЦИНА КАЈ НИВ МОЖЕ ДА НЕ СОЗДАДЕ ИМУНИТЕТ - професорот Трајковски со јасна порака

Објавено во: Македонија 01 Август, 2021

Професорот Дејан Трајковски, презентирајќи прецизни студии од Унгарија, укажува дека кинеската вакцина не создава доволно имунитет кај голем процент од населението над 60 години, но и кај лицата со коморбидитети. Вели дека тоа треба да го имаат предвид овие граѓани.
„Ова е линкот до оригиналниот документ на СЗО, подготвен од SAGE работната група за оценка на вакцината Sinopharm/BBIBP против ковид-19: https://cdn.who.int/.../2_sage29apr2021_critical-evidence...

На последниот, 16-ти слајд се гледа дека е ниско, односно многу ниско нивото на доверба на резултатите за ефикасноста на вакцината против симптоматски ковид кај постари лица, потоа безбедноста против сериозни несакани ефекти кај постари лица, како и ефикасноста и сигурноста против несакани ефекти кај лица со коморбидитети.

Ова не кажува дека вакцината е лоша сама по себе, туку дека фалат податоци, но ова не е мала работа, како што ќе видиме подолу. Во студиите во неколку земји најстарата возрасна група била до 59 години, со занемарлив број постари кои не претставуваат доволно голем примерок за извлекување валидни статистики. Поради премалиот примерок на постарите, интервалите на доверба се прешироки и не кажуваат практично ништо. На пример, ефикасноста против хоспитализација е проценета на 78,7 отсто, но со интервал на доверба од 26 до 93,9 отсто, за ниво на доверба од 95 отсто. Тие што се занимаваат со статистика знаат што значи ова и зошто е така.

Но за среќа на човештвото, Унгарците во нивното истражување се занимаваат токму со постарите лица: (https://www.medrxiv.org/.../10.1101/2021.07.15.21260362v1...). Видовме дека во нивното истражување кај 60-годишните лица вакцината развила нула (0) антитела кај 20% од вакцинираните, а кај 80-годишните тој процент пораснал на дури 50% од вакцинираните.

Бидејќи вакцините на база на деактивиран вирус не созадаваат клеточен имунитет, нивото на неутрализирачки антитела претставува сурогат (заменско мерило) за ефикасноста на вакцината, што го пишува во сите трудови, па и во унгарскиот. Тој што не развил антитела веднаш по давањето на вакцината не може да развие ни мемориски имунитет во Б-клетките (кои се задржуваат во коскената срцевина), што би го заштитиле од некоја идна зараза, како на пример кај прележаните (конвалесцентите). Објаснувањето е едноставно: Од незрелите Б-клетки се диференцираат плазма клетки (кои генерираат антитела) и мемориски Б-клетки кои се чуваат во коскената срцевина. Кај старите лица без антитела (оние 20% кај 60-годишните и 50% кај 80-годишните) по давањето на вакцината не доаѓа ни до диференцијација во плазма клетки, ни во мемориски Б-клетки, што значи заштитата е нула. Кај другите видови вакцини (на пример mRNA), коишто создаваат значителен клеточен имунитет (со помош на Т-клетки-убијци за уништување на заразените клетки и преку клетки-фагоцити, кои ги опколуваат и „голтаат“ патогените), можно е при нула антитела да има заштита, но не е така кај вакцините со инактивиран вирус. Зборуваме за тие што никогаш не развиле антитела, а не за тие што развиле, па ги изгубиле (кај нив може да има мемориски имунитет).

Со премолчување на старите во извештаите на елегантен начин е избегнат проблемот со обелоденувањето на резултатите за ефикасноста и сигурноста (нема отворено лажење), но тие што нема да си ги отворат очите при читањето на извештајот на SAGE/WHO (СЗО) даден на почетокот, а не ја прочитале ни унгарската студија, ќе им даваат вакцини на старите не знаејќи дека голем дел од нив можеби ќе останат незаштитени.

Тоа е како на падобранец да му дадете неиспитан падобран, со големи шанси да биде неисправен. Затоа унгарские автори во последниот пасус од трудот со полно право пишуваат: „Постои значителна опасност дека отсуството на антитела навистина значи послаба заштита против болеста, при што постарите лица, вакцинирани со Синофарм се чувствуваат и им се кажува дека се заштитени против ковид-19, иако оваа лажна надеж може да придонесе до избувнување на болеста кај оваа високоранлива популација)“.

Заклучок: вакцината е проверена и смее да се дава само на лица помлади од 60 години и лица без коморбидитети. Секое поинакво давање не е во склад со доказите. Не е доволно што вакцината е само одобрена за итна употреба, туку е важна и областа на примена. За ова пишува и професорот на Харвард, Владица Величковиќ, кој се занимава токму со истражувања и изработка на студии заради одобрување на лекови од страна на американската Агенција за храна и лекови (FDA). Тој смета дека со таква документација (како за Синофарм или Синовак вакцините) нема шанси да се одобри лек во САД или ЕУ, што впрочем е точно - ЕМА (Европската агенција за лекови) не ги регистрира кинеските вакцини без прописна документација и сите докази. 

Најдобро е секое постаро лице (над 60 години) или лице со коморбидитети да ги прочита овие документи и да одлучи дали е во ред да прими вакцина од Синофарм (и сличната на неа Синовак). Затоа што, откако ќе ја прими системот го смета за вакциниран (дури и да има 0 антитела) и се дисквалификува за друг вид вакцина - со други зборови, може да се надева само на среќата, ако ја има.

Зошто го објавувам сето ова? За да разберат луѓето дека се можни смртни случаи кај целосно вакцинирани постари лица или лица со коморбидитети, како на пример во случајот на несреќниот тетовец. Ако ова се разберело на време, новинарите немало да прават сензации и така да одвраќаат од вакцинација многу луѓе (дури и тие за кои вакцината е ефикасна и сигурна, односно помладите од 60 години и лицата без коморбидитети). Ете го објаснувањето, без никаква мистификација, зошто се случуваат и допрва ќе се случуваат смртни случаи кај некои од вакцинираните од ризичните групи.

Во Унгарија населението е бесно и со големо право бара бесплатно тестирање на антитела на вакцинираните со Синофарм и Синовак и давање трета доза, од друг вид вакцина, кај тие што останале без заштита. Кај нас министерот денеска најави трета доза, останува да видиме на кои групи вакцинирани тоа ќе се однесува“, пишува Трајковски на фејсбук.

Нема опис за фотографијата.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДО МОМЧЕ ОД ДЕЛЧЕВО ПОЧИНА ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Најблиските на 32-годишниот Гоце молат за помош за транспорт на телото

МЛАДО МОМЧЕ ОД ДЕЛЧЕВО ПОЧИНА ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Најблиските на 32-годишниот Гоце молат за помош за транспорт на телото

ЗА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА СКОПЈАНИ СОСТОЈБАТА ВО ГРАДОТ Е ПОДОБРЕНА: Анкета на Агенција Рејтинг

ЗА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА СКОПЈАНИ СОСТОЈБАТА ВО ГРАДОТ Е ПОДОБРЕНА: Анкета на Агенција Рејтинг

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Поранешна „Треска“ ја зафати пожар, ако изгоре ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Поранешна „Треска“ ја зафати пожар, ако изгоре ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија

КОВИД СТАТИСТИКА: Нови позитивни на вирусот 392, од компликации на ковид починаа 17 пациенти

КОВИД СТАТИСТИКА: Нови позитивни на вирусот 392, од компликации на ковид починаа 17 пациенти

ДЕНЕСКА БЕВ ДОМАЌИН НА ПОПИШУВАЧИТЕ: Лидерот на ДУИ, Ахмети се попиша, апелира сите да го сторат тоа

ДЕНЕСКА БЕВ ДОМАЌИН НА ПОПИШУВАЧИТЕ: Лидерот на ДУИ, Ахмети се попиша, апелира сите да го сторат тоа

СО БУГАРИЈА МОЖНО Е ПРИДВИЖУВАЊЕ ПРЕД БОЖИК, ВО ДЕКЕМВРИ: Заев за австриски Стандард

СО БУГАРИЈА МОЖНО Е ПРИДВИЖУВАЊЕ ПРЕД БОЖИК, ВО ДЕКЕМВРИ: Заев за австриски Стандард

ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 6.897 ГРАЃАНИ: Прва доза од вакцината против ковид примиле само 1.717 граѓани

ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 6.897 ГРАЃАНИ: Прва доза од вакцината против ковид примиле само 1.717 граѓани

ЗАЕВ: Не мислам да го разрешам Филипче заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“

ЗАЕВ: Не мислам да го разрешам Филипче заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“

ФАШИЗМОТ ОСТАНУВА И НЕМА ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТ НИТУ ЕДЕН СПОМЕНИК: Заев за разликите меѓу нацистичка и сегашна Бугарија

ФАШИЗМОТ ОСТАНУВА И НЕМА ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТ НИТУ ЕДЕН СПОМЕНИК: Заев за разликите меѓу нацистичка и сегашна Бугарија