На Меј и помина барањето во ЕУ, ќе и оди ли тешко за Брегзитот дома
Објавено во: Свет 22 Март, 2019
Лидерите на земјите членки на Европската унија пак и попуштија на британската премиерка Тереза Меј, а таа од синоќа има уште два дополнителни месеци да успее да издејствува парламентарците да го усвојат Договорт за Брегзит. Меј ја поздрави одлуката и им порача на членовите на Парламентот во нејзината земја дека треба да носат мудри одлуки. Сепак сите се согласуваат дека има уште многу неизвесност околу прашањето.
Дали Меј ќе биде на мака да го протурка тоа до 22 мај до кога е и рокот ќе се види дополнително. Јасно е дека ЕУ беше попустлива, па и покрај најавите дека тоа нема да се случи Брегзитот беше одложен од 29 март за на 22 мај.
Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што беше договорена со Европската Унија, а ако го направат тоа повторно, Брисел ќе ѝ го даде на Меј рок до 12 април да соопшти по кој пат ќе тргне Британија.