19 Април, 2024
0.0277

На местото на „ЕРТ“ се појави „НЕРИТ“?!

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

„НЕРИТ“ се појави на телевизиските приемници, а сеуште не е усвоен од парламентот предлог законот. ЕРТ веќе не постои во листата со канали, ниту ЕТ1, ЕТ3, или пак ЕРТ HD.

НЕРИТ не емитува програма, но сигналот постои од 6 часот утрово. Според информациите на вработените во јавниот сервис, кои продолжуваат со отвореното маратонско студио од вторникот вечер, новата државна телевизија се појавила нелегално, бидејќи законот се уште не е изгласан од парламентот, објави канал 5. Во средата, само ден откако беше донесена одлуката за затворање на ЕРТ, владата го објави нацрт законот за НЕРИТ (Нова грчка радио,интернет телевизија). Предвидено е најдоцна до 29 август да почне со работа на местото на државната ЕРТ. А според владиниот портпарол, ќе бидат вработени од 1000 до 1200 вработени.

Лидерите на трите партии кои се дел од владејачката коалиција во Грција, ќе се сретнат денеска, токму на датумот кога се навршува една година од нивниот избор, во обид да постигнат компромис за иднината на државната радио и телевизија ЕРТ или во спротивно ќе бидат во опасност да не можат да продолжат да управуваат, пишува весникот „Катимерини“.

Премиерот Андонис Самарас во петокот направи обид да го реши спорот со коалициските партнери од социјалистичката партија ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР) во врска со ненадејното затворање на ЕРТ. Тој предложи оваа недела да биде составена меѓупартиска комисија, која ќе започна со именување на основниот персонал на новата радио и телевизија, како замена за ЕРТ.

Неговиот предлог беше одбиен од коалициските партнери, кои се против затворањето на државниот медиум и останување без работа на околу 2.700 луѓе.

„Катимерини“ го објави и истражувањето на „Метрон анализис“, според кое 68 проценти од анкетираните не се согласуваат со владината одлука за затворање на ЕРТ.

Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци