На Милошевиќ не си му ни до колена: Дачиќ му возврати на Изетбеговиќ
Објавено во: Балкан 09 Август, 2018
Шефот на српската дипломатија и потпретседател на српската Влада, Ивица Дачиќ му возврати на Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, со препорака дека е спремен за лекување.
Оваа изјава следи откако Изетбеговиж го нападна Дачиќ, истакнувајќи дека тој е само ученик на Милошевиќ и ја отфрлува неговата констатација дека ситуацијата во Република Српска е поврзана со позицијата на Косово и Метохија.
„Што да кажам за човек кој сакајќи да го исполни аманетот на Алија ги спореди Србите со Хитлер? Него му треба лекување. Нормално дека може да се повлечат паралели меѓу Косово и Република Српска. Мора да се стави крај на злото кое го трпат Србите од Изетбеговиќ и нека не зборува за Милошевиќ, не му е ни до колена со неговото интелектуално ниво“, кажа Дачиќ во изјава за Espreso.rs.