На обука, па во воз: Во што ќе ги „претвора“ Германија мигрантите
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2019
Германскиот регион Баден-Виртемберг одлучил да обучи бегалци да бидат машиноводачи.
Оваа одлука е во рамки на кампањата „река работници“ која стигна во земјата во 2015-та година да ги вклучи во производните текови.
За околу 15 месеци луѓето кои имаат јасен статус во земјата, и добро го познаваат германскиот јазик би требало да добијат сеопфатна обука за оваа важна професија, соопштено е од сообраќајното министерство на германскиот регион.
На Министерството во Штудгард се проценува дека ќе му требаат во претстојните години околу 1000 работни места на локалните железници во спомнатиот регион пренесуваат германските медиуми.
Во соопштението на Министерството се наведува дека околу 44 000 бегалци добиле дозвола да останат и побараат работа во Баден Виртемберг.