НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024
Влажниот бран кој ја зафати Македонија според синоптичарите се очекува да ни донесе многу дожд и снег на повисоките места.
- Под влијание на циклонска активност, и на многу влажна и многу постудена воздушна маса од север, денес (петок) како и за време на викендов времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, додека на планините, а потоа и на повисоките, како и на пониските места во западните, северозападните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет - објави Славчо Попоски, метеопрогнозер.
Се очекува на одредени локации да падне поголемо количество на дожд, особено во западните и во јужните предели од Македонија (и тоа над 50/60 литри воден талог на метар квадратен).
- На планините ќе се формира голема снежна покривка (локално над 60/70 cм снег), на повисоките места таа ќе изнесува од 30 до 40 cм, локално може и повеќе, а во пониските места (градовите) особено во западните, северозападните и во југозападните предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 20 до 30 cм, можно е дури и повеќе.
Во Скопскиот регион исто така во истиот период ќе има пообилни врнежи од дожд, додека на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег. Во сабота наутро, како и во претпладневните часови не се исклучува можноста мешавина од дожд и снег на кратко да има и во делови од пониските предели на котлината - пишува Попоски на неговата „Метеоаларм“.
Тој потоа укажува граѓаните кои планираат да патуваат кон планинските превои да бидат крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег.
- Исто така на планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, а во пониските места (градовите) локално, и тоа поради тешкиот и влажен снег можни се проблеми.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, особено за време на викендот, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 6 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој период ќе се искачува во интервалот од 2 до 5 степени.
Да напоменеме дека помала снежна покривка можно е да се формира понекаде и во источните предели, и тоа особено на повисоките места - посочува Попоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.