20 Април, 2024
0.0293

На подарен коњ заби не му се гледаат?! Полицајците добија донација во чизми од 82 година!

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Додека  се  чека тендерската процедура  за набавка  на опрема и униформа  во МВР, во полициските станици за граничен надзор  веќе почнале  да се делат  чизми од словачката донација. Од  Независниот синдикат на полицијата велат дека чизмите се произведени во 1982 години и дека се наметнува прашањето за нивниот квалитет и истрајност. Според нивните информации имало два типа на чизми, од кои едните кои биле поново производство завршиле во специјалните единици, додека  чизмите  стари повеќе од триесет години биле наменети за граничната полиција. Слободан Стоилковски од Независниот синдикат вели дека досега полицајците особено тие од граничната полиција се снаоѓале кој како знае и умее, купувале чизми од свој џеб.

“Полицајците се снаоѓаат кој како умее, преку купување на чизми од сопствени средства или поправка на веќе постоечките кај кондураџија ако можат да се поправат. Во овој период МВР доби донација на и  од она што може да се види има две врсти на чизми. Едните се со производство од 1982/3 година од типот на чизми на ЈНА но со многу полош квалитет,  а другите се еден вид  на имитација на Планика но во многу мал број кој нема да биде доволен за сите полициски службеници. Потребно е подобрување на условите за работа и опремување на припадниците на МВР согласно Правилникот за носење и времетраење на униформата”- вели Стоилковски.

Независниот синдикат реагира  и за неисполнување на потпишаниот  договор  помеѓу МВР и  МПС  за покачување на платите за 2017 година и тоа во месец април во висина од 5% и во месец октомври  во висина од 5% или вкупно 10% за цела година, кој беше дел од планот на МВР и Владата за изедначување на платите на припадниците на МВР со другите Министерства за што беше организиран протестен марш на почетокот на месецов.

“Уште за време  на претходната гарнитура на власт во многу наврати како синдикат имаме реагирано преку писмени барања до Министерството, соопштенија преку медиумите,  организирање на прес конференции и протести, како и на одржаните  средби со министерот  непосредно ги имаме предочено  сериозните проблеми кои ги имаат припадниците на полицијата.  Прво од  условите за работа на полициските службеници, потоа немањето на униформа, опрема, МТС и моторни возила за професионално и квалитетно извршување на службените задачи”- објаснува Стоилковски.

Синдикатот очекува новата власт да не ги следи стапките на нивните претходници и да се стави крај на силната партизација во институциите.

“На Министерот јавно преку медиумите  и на официјалните средби ние како синдикат му порачавме да се прекине со праксата на партизација на Министерсвото како што правеше претходната власт и да се врати професионализмот во МВР. Особено потенциравме да се почитуваат законските процедури  (Законот за внатрешни работи, Колективниот договор на МВР и Правилникот за систем на кариера) при прераспоредување на полициските службеници и поставувањето на раководни кадри во МВР, бидејќи претходно или воопшто не се почитуваа процедурите или беше про-форма”- додава синдикалецот.

Колективниот договор според Стоилковски треба да претрпи сериозни измени и да обезбеди почитување на правата на вработените во полицијата.

“Во однос на Колективниот  договор на МВР  бараме темелни промени да не речам измена на целиот Колективен договор, па поради  тоа  уште во месец март 2017 година имаме доставено Предлог измена на КД на МВР до Министерот за внатрешни работи. Ова го бараме од причина  што секој Колективен договор што бил потпишуван од 2006 година до денес од страна МВР и МПС како репрезентативен синдикат, бил во насока на скратување на веќе стекнатите права на вработените во МВР. Наша цел и приоритет како синдикат е прво да се вратат претходно изгубените права на вработените во МВР,  а потоа дополнително и да се унапредат”- додава Стоилковски.

Лошото менаџирање со ресорот и лошите политики на минатата власт вели се гледаат во бројните тужби за непочитување на законите и неправедната прераспределба  на полицајците со усни наредби на пониски позиции. Години наназад од МВР само по основ на тужби се одлеваат милионски суми, а одговорност нема. 

“Претходната власт односно поедини старешини и началници на организациони единици без да ги почитуваат законите прераспоредуваа полициски службеници од едно работно место на друго со усна наредба, за што дури  беше доставена телеграма од тогашниот министер за внатрешни работи  Гордана Јанкуловска сите полицајци кои се поставени со усни наредби да се вратат назад во матичните станици бидејќи таквото прераспоредување е противзаконско. Или пак, полициски службеници добиваа  решенија за прераспоредување од страна на Директорот на БЈБ  спротивно на законските прописи и процедури. На пример имаше случаи началници или пак инспектори (работни места со високо образование)  да бидат прераспоредени на работно место дежурен во станица (работно место со средно образование). Потоа никој не го спомнува масовното прераспоредување, а јас би го рекол чистка кое се случи во месец Јануари 2014 година и Октомври 2015 година без да се запазат законските процедури за прераспоредување и спротивно на Законот за внатрешни работи и КД на МВР за што имаше повеќе од 500 тужби против МВР од страна на полициските службеници”- објаснува Стоилковски.

Слична вели била состојбата и во полициските станици за граничен надзор.

“Ќе го спомнам случајот и со граничните полициски станици кои беа прогласени за издвоени објекти каде имаше еклатантен пример на кршење на законите од страна на старешините, бидејќи со усна наредба не ги евидентираа часовите на полицајците кои биле на работа. Поради сите овие незаконити постапки што ги напоменав полициските служненици го тужеа МВР и нормално МВР ги губеше судките парници и пари се одлеваа од буџетот на МВР поради незаконските наредби и  злоупотреби на службената положба од страна на одредени старешини и началници.  Од  Министерот  добивме информација дека само по основ на тужби од буџетот на МВР се одлеале повеќе од 13 милиони евра, а со толкава сума на пари можело да се опреми  цело МВР, при што досега не сме виделе дека некој понел било каква одговорност за ова”-  потенцира Стоилковски.

Независниот синдикат бара измени на законската регулатива и во однос на исплата на регрес за годишен одмор К-15.

“Ќе бараме и  досега сме барале  исплата на К-15 и писмено до МВР и преку медиумите со пресконференции, но проблемот е во законските заврзлами што ги направија како во Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ така и во КД на МВР. Имено во претходните Колективни договори стоеше стриктно дека на работникот му следува исплата на регрес за годишен одмор (К-15), но со измените што беа направени наместо зборовите " му следува" беа заменети со зборовите" ако има предвидено средства во буџетот на РМ" со што во Јавниот сектор каде што спаѓа и МВР не се исплатуваше К-15 бидејќи никогаш не беа предвидени средства за таа намена. Па затоа треба да се менува законската регулатива во однос на ова прашање а посебно ова се однесува на репрезентативните синдикати да не потпишуваат Колективни договори ако не е стриктно посочено дека му следува на работникот одредено право”- вели претседателот на синдикалниот огранок на НСП –север.

Состојбата во полициските станици за граничен надзор како што вели сеуште очајна.  Ова особено е изразено во станиците прогласени за издвоени  објекти поради спецификата на системот на работа со непрекинат престој од повеќе денови на работа.

“За овие сериозни проблеми повеќе пати се доставувани писмени барања до МВР, организирани се повеќе пати прес конференции и протести па и лично до Министерот на средбите се презентирани состојбите за што е добиено ветување од Министерот дека ќе се работи на оваа проблематика и не само во граничната полиција каде е најкатастрофална состојбата, туку и во останати оддели во МВР за да се подобрат условите за работа и престој на полициските службеници. Но за истото ќе треба  време, бидејќи  проблемите биле наталожувани со години да не речам цела деценија,  а исто така потребно ќе  биде од буџетот на МВР  да се оделат големи парични средства за подобрување на состојбите”- порачува  претседателот  на синдикалната  Организација РЦ за ГР Север.

Независниот синдикат на полицијата очекува дека со се поголемиот број на полицајци кои пристапуваат во неговите редови ќе биде дел од синдикалниот дијалог во економско- социјалниот совет, а посебно при носење на Колективни договори и акти  кои можат  да дадат конструктивни предлози за подобрување на правата на вработените во МВР. Дополнително очекуваат подобрување на условите за работа и опремување на припадниците на МВР согласно Правилникот за носење и времетраење на униформата, поставувањата на раководниот кадар и прераспоредувањата на полициските службеници да биде согласно законските процедури со почитување на начелото на  компететност и стручност. Оттука велат најважно е и зголемувањето  на животниот стандард на вработените во полицијата  кое прво  треба да почне со покачување на платите во ресорот.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан