30 Септември, 2024
0.2440

На продажба е најголемиот производител на пластични гајби! Која е почетната цена за 50 отсто удели?

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Акционерите на„7 Ноември“ донесоа одлука за продажба на половина од уделите во фирмата-ќерка „Гепластик“! Почетната цена за продажба на половина од сите удели на најголемиот производител на пластични гајби во земјава е 194.000 евра

Наскоро ќе бидат понудени на продажба 50 отсто од уделите во гевгелиската компанија „Гепластик“, која е најголем производител на пластични гајби (амбалажа) во земјава. Почетната цена за 50 отсто од уделите е 11,96 милиони денари. Продавач е гевгелиската компанија за производство на пластични маси „7 Ноември“, чија одлука за продажба е објавена на сајтот на Македонската берза и е достапна на следниот линк.

Уделите нема да се продаваат по цена која е пониска од 194.000 евра , колку што е проценета нивната вредност од страна на овластен проценител. Акционерите го задолжуваат раководството на друштвото да собере понуди од кои треба да ја избере најповолната понуда односно највисоката цена. Одлуката за продажба на сопственичкиот удел во „Гепластик“, компанијата „7 Ноември“, односно мнозинството од нејзините акционери, ја донесе на 23 декември годинава.

„Гепластик“ е најголем производител на пластична амбалажа (гајби за шишиња) во земјава со годишно производство кое достигнува до 500 тони. 

Гевгелиската компанија „7 Ноември“ е акционерско друштво кое постои од 2006 година. Специјализирано е за изработка на производи од пластични маси. Друштовото има акционерски капитал во вредност од 500.000 евра инјектирани во 10.000 акции со право на глас. Најголем акционер е гевгелиската компанија „Русе Комерц“ (на нашиот пазар познат како голем дистрибутер на лим за покриви), а воедно дистрибутер за камионски гуми и производител на пецива и кори (преку брендот „Преферита“). „Русе Комерц“ во „7 Ноември“ поседува 66 отсто од акциите. Лицето Зоран Ѓуров е втор по големина акционер и поседува 21,5 отсто од сите акции во компанијата, а трет најголем акционер е „Кодинг 2“ компанија за трговија, изведба и монтажа на водоводни материјали. Таа поседува 5,25 отсто од акциите во „7 Ноември“.

Според достапни информации од извештај на независна финансиска ревизија на „7 Ноември“ друштвото 2020 година ја завршило со загуба од 100.000 евра, што е за 71 отсто помала загуба од 2019 година кога негативниот резултат бил 344.000 евра. Во својот извештај независните ревизори пишуваат дека (цитираме) „тековните обврски за 24 милиони денари ги надминуваат тековните средства што укажува на постоење на материјална неизвесност која може да наметне сомневање во претпоставката за континуитет„. Целиот извештај на независната ревизија е достапен за следниот линк.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи