НА ПРОДАЖБА: Куќата во којашто озлогласениот Ал Капоне го планирал масакрот за Валентајн се продава за 14,9 милиони долари
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
Дел од историјата на Чикаго е на продажба - во сончевата Мајами Бич.
Но, ќе ви требаат мооогу пари ако сакате да ја купите вилата на познатиот американски криминалец Ал Капоне. Нејзините сопственици бараат 14,9 милиони долари.
Замокот од 30.000 квадратни метри, се смета за место каде Капоне го планирал озлогласениот масакр за Денот на вљубените во 1929 година, во кој седум членови на ривалската група биле убиени од бандата на Капоне, на улицата Кларк, во паркот Линколн во Чикаго.
Куќата се наоѓа на островот Палм Ајленд, со поглед на Заливот Бискејн, со сопствена приватна плажа. Тоа било омиленото место за одмор на Капоне. Во тоа време куќата го чинела околу 1 милион долари а до ден денешен ги задржува оригиналните карактеристики, вклучувајќи црно-златна арт деко соба за прав, од 1920та тавански светилки, камин во дневната соба и трем.
Исто така, во куќата има огромен базен, за кој се вели дека бил најголемиот приватен базен во Флорида во времето на нејзината изградба и двокатна кабанаи во која тој умрел во 1947 година, по неговото ослободување од затвор.