(ГАЛЕРИЈА) НА ПРОДАЖБА ВИЛАТА НА АЛ КАПОНЕ: Еве колку чини имотот на најозлогласниот мафијаш
Објавено во: Финансии 11 Мај, 2018
Сигурни сме дека сите сте слушнале за Ал Капоне, легендарниот гангстер со прекар Scarface…
Тој стана најозлогласниот мафијаш во историјата на Америка во текот на ерата на прохибицијата, како коосновач и шеф на чикашката мафија. Сепак веројатно не сте знаеле дека тој во еден момент живеел во Мајами. Сега, таа вила може да биде ваша, но ако имате 15 милиони долари.
Сместена во „Палм Исланд“ луксузната енклава, оваа резиденција покрај вода неодамна е реставрирана. Има површина од околу 3 600 м2 и е подготвена да ги дочека новите сопственици со седум спални соби и пет купатила, куќа за гости и ложа покрај базенот.
Некои од вас, кои знаат во која сфера Капоне делувал, ќе сфатат зошто тој сакал неверојатно ниво на обезбедување. Токму од тие причини, овој имот е обиколен со ѕид кој е висок 2,5 метри , кој на некои ќе им внесе малку клаустрофобичност во секојдневниот живот. И покрај тоа, оваа вила е идеално место за живот, во кое ќе уживаат сите љубители на историјата.
Никој не очекувал дека некогаш вилата на Ал Капоне ќе се појави на јавни листи, но, сега сме сигурни дека таа ќе привлече доста внимание. Нас, од друга страна не интересира кој во неа живеел по Капоне. Дали би можеле мирно да спиете во некогашниот дом на најозлогласниот гангстер?