29 Септември, 2024
0.0350

НА ПРВИОТ ДЕН ОД 2022 МАКЕДОНИЈА ПОБОГАТА СО ТРИ НОВОРОДЕНЧИЊА: Првото е машко, второто е девојче, третото бебе е родено во ковид-центарот

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Во посета на Клиниката за гинекологија денеска беше министерот за здравство, Венко Филипче на каде што една минута по полноќ се роди е машко бебе. Но, по него се роди и девојче, како и уште едно бебе во Ковид-центарот на ГАК од мајка која е позитивна на корона вирусот.

– Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно. Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри, рече Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска рече дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

– По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часо ти една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме, рече Јовановска.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство