17 Август, 2022
0.0226

НА РАДЕВ МУ Е ТЕСНА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА „КОЖА“ И САКА ВИСТИНСКА ВЛАСТ - Корнелија Нинова со дијагноза

Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ.

Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата.

Корнелија Нинова го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог, според Нинова.

Сепак, додава таа, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Коментирајќи ја острата реакција на премиерот на Северна Македонија за предлогот на француското претседателство со ЕУ, Нинова рече дека бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол.

Нинова беше категорична дека темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ. Таа коментира дека во моментов има сугестија дека може да се формира ново евроатлантско мнозинство во Националното собрание, преку кое Бојко Борисов се обидува да си го исчисти својот имиџ преку темата „Македонија“, што го одвлекува вниманието од целта за која протестираа луѓето во Бугарија во последните две недели.

За Корнелија Нинова, нови избори и преодна влада се најлошото за народот во Бугарија, бидејќи земјата ја чека тешка есен и тешка зима.

Можеби ќе ве интересира

Спахиу: Имам неколку десетици облози со луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово

Спахиу: Имам неколку десетици облози со луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово

ЈАГЛЕН НЕМА НИКАДЕ НИ ЗА ЛЕК, А ЦЕНАТА ОДИ И ДО 26.000 ДИНАРИ - штом стигне на стовариштата ширум Србија, веднаш се распродава

ЈАГЛЕН НЕМА НИКАДЕ НИ ЗА ЛЕК, А ЦЕНАТА ОДИ И ДО 26.000 ДИНАРИ - штом стигне на стовариштата ширум Србија, веднаш се распродава

СРБИЈА ВО ЈУЛИ РЕГИСТРИРАШЕ ВИСОКИ 12,8 ОТСТО ИНФЛАЦИЈА, очекуваат да продолжи поскапување и следните месеци да достигне 14 проценти

СРБИЈА ВО ЈУЛИ РЕГИСТРИРАШЕ ВИСОКИ 12,8 ОТСТО ИНФЛАЦИЈА, очекуваат да продолжи поскапување и следните месеци да достигне 14 проценти

ВУК БЕШЕ ЧУДЕН НЕКОЛКУ ДЕНА - Сопругата на масовниот убиец од Цетиње, дала изјава во полиција

ВУК БЕШЕ ЧУДЕН НЕКОЛКУ ДЕНА - Сопругата на масовниот убиец од Цетиње, дала изјава во полиција

Српски авион полетал од Црна Гора, а потоа почнал ужасот: „Се слушна тресок, видов искри под моите нозе“

Српски авион полетал од Црна Гора, а потоа почнал ужасот: „Се слушна тресок, видов искри под моите нозе“

Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње

Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње

Чистел бунар и нашол вреќа со бомби

Чистел бунар и нашол вреќа со бомби

ДЕДО НА НАЈМАЛИТЕ ЖРТВИ ВО ЦЕТИЊЕ: Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас

ДЕДО НА НАЈМАЛИТЕ ЖРТВИ ВО ЦЕТИЊЕ: Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас

Што е најдено во куќата на убиецот Вук Бориловиќ во Цетиње?

Што е најдено во куќата на убиецот Вук Бориловиќ во Цетиње?