На Рама не му се допаѓа Македонија да почне преговори пред Албанија
Објавено во: Балкан 09 Август, 2019
Преговори со Македонија пред Албанија ќе биде многу штетно за регионот, вели албанскиот премиер, Еди Рама.
„Би било многу штетно за регионот и во исто време неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува да се пофали, бидејќи тоа го заслужува, но прашањето е дали ни треба конфликт за да се процени она што го правиме“, изјавил Рама во интервју за „Евроњуз“, како предупредување до ЕУ, објави МИА.
Тој вели дека тоа би била и неправда за Албанија.
Во октомври ќе се знае дали двете земји почнуваат преговори или не.