18 Април, 2024
0.0257

НА СЕСТРАТА И ГО ПРЕСЕКЛЕ ВРАТОТ, РОДИТЕЛИТЕ И ПОМАЛИТЕ БРАЌА БИЛЕ ИЗБОДЕНИ И НАД 40 ПАТИ СО НОЖ: Тинејџерите Роберт и Мајкл Бевер сакале да убијат 500 луѓе, почнале со семејството

Објавено во: Свет 05 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Двајцата американски тинејџери, браќата Роберт (18) и Мајкл (16) Бевер, сакале за нив да се зборува и пишува, да станат озлогласени и луѓето да се плашат од нив. Тие, точно пред шест години си поставиле цел да убијат 500 луѓе и почнале со убивање на членовите на нивните семејства.

Во нивниот дом во Оклахома на 22 јули 2015 со ножеви го масакрирале целото семејство. Прва жртва била тринаесетгодишната Кристал. Откако Мајкл ја намамил својата сестра во спалната соба под изговор дека сака да и покаже нешто на компјутерот, Роберт ја фатил одзади и и го пресекол вратот. Кристал се одбранила, а тој ја прободел и во стомакот и и ги расекол рацете. Нивната мајка, Ејприл (44), слушнала метеж горе и дошла да види што се случува, но Роберт ја нападнал и ја избодел најмалку 48 пати: „Имаше повеќе рани отколку што сум видел на кое било тело“, изјавил еден од истражителите. Тешко ранетата Кристал се обидувала некако да ги заштити своите помали браќа и сестри, откако браќата продолжиле со крвавиот масакр, соба по соба. Таткото Дејвид Бевер (52) бил избоден 28 пати, а Мајкл подоцна и рекол на полицијата дека Роберт го избодел нивниот татко „со најголемиот нож што го имал“. Деветгодишниот Кристофер бил избоден 21, а четиригодишната Викторија 23 пати, од двете страни на вратот, градите, грбот и надлактицата. Даниел (12) успеал да се заклучи во собата, од каде повикал помош, но Мајкл го убедил да ја отвори вратата, преправајќи се дека Роберт го нападнал и него. Потоа момчето го прободеле 12 пати - во грбот, рамото и градите. Во тој момент Роберт ја забележал Кристал, која имала раскрвавени рани на вратот, раката и стомакот и се обидел да усмрти со задушување. И додека се подготвувал да и му ја отсече главата на двегодишното братче Отом, полицијата почнала да тропа на влезната врата. Кога пристигнале на местото на настанот, детективите забележале крв на тротоарот и скалите, а потоа слушнале како некој тивко од куќата повторува „помогни ми“. Тоа била Кристал.

Тринаесетгодишното девојче некако успеало да преживее и во полиција раскажала што се случило и дека нејзините браќа го нападнале семејството. Двегодишниот Отом, кој за сето тоа време спиел на првиот кат од куќата, останал неповреден. Браќата побегнале низ задниот дел од куќата, но набрзо биле пронајдени. Роберт и Мајкл биле облеани во кал и крв, облеката им била искината, па дури изгледало дека на нив има и парчиња од телата на убиените членови на семејството.

„Тие не беа вознемирени. Воопшто не беа вознемирени“, повтори полицаецот Бартон, „Тие беа речиси безобразни. Како еден од нив да се смее. И навистина, на фотографиите Роберт, за кој подоцна се дозна дека е „мозокот“ на „крвавата кампања“, се насмевна додека полицајците го фотографираа во крв, додека неговиот помлад брат Мајкл изгледаше целосно рамнодушно. Роберт му се обратил пред да го стават во полициско возило и му рекол: „Беше задоволство“. Нивната цел била да убијат најмалку 50 луѓе, а Роберт им се восхитувал на сериските убијци и сакал да убие 500 или повеќе луѓе.

Видеото кое е достапно на Јутјуб го прикажува сослушувањето на Мајкл Бевер кој детално и без двоумење опишал како ги избодел своите помали браќа и сестри. 


Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете