25 Април, 2024
0.0293

На што се жалат корисниците на електронски комуникации?

Објавено во: Македонија 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Корисниците на интернет, мобилна и фиксна телефонија и телевизија во првата половина од годинава поднеле повеќе приговори до операторите за квалитетот на услугите во споредба со истиот период лани. Тие најчесто се жалат преку специјалните телефонски линии кои операторите ги отвораат за контакт со нив, а многу помалку со поднесување писмен приговор. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги/резиденцијални корисници.

Според извештајот, бројот на приговори бележи зголемување во однос на 2017 година. Преку телефон најмногу приговарале корисниците на услугата интернет (32,6 отсто од домаќинствата во кои се користи), телевизија (22,5 отсто), фиксна телефонија (12,5 отсто), а најмалку се жалеле корисниците на услугата од корисниците од мобилна телефонија (11,8 отсто).

Писмени приговори поднеле најмногу корисниците на фиксна телефонија (1,9 отсто), по нив следуваат домаќинствата во кои се користи услугата интернет (1,7 отсто) и услугата телевизија (1,4 отсто), а најмалку писмени приговори се поднесени за услугата мобилна телефонија за која приговарале 1,1 отсто од домаќинствата во кои се користи услугата.

Испитувањето на АЕК покажува дека процентот на корисници, во однос на 2017 година, за секоја од електронските комуникациски услуги бележи благо зголемување на корисниците со исклучок на телевизијата која постепено опаѓа од 2016 година.

Мнозинството од корисниците се задоволни од цените и од квалитетот на услугите, при што сумираното задоволство (сума од одговорите многу сум задоволен и задоволен сум) од квалитетот е најголемо кај услугата фиксна телефонија (85 отсто), а потоа следуваат услугите телевизија (76 отсто), мобилна телефонија (76 отсто) и интернет (74 отсто).

Генерално, задоволството од цените на телекомуникациските услуги во 2017 година бележат благ раст во однос на претходната година, освен кај услугата телевизија, каде се намалува задоволсвото од претходната 2017 година за 9 отсто. Најголемо задоволство од цените се забележува кај корисниците на на фиксна телефонија (79 отсто), по што следуваат корисниците на интернет (71 отсто), па корисниците на мобилна телефонија (70 отсто) и телевизија (70 отсто).

Лојалноста е највисока кај корисниците на услугата мобилна телефонија, 76,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека доколку во моментот треба да одберат оператор, би останале на истиот оператор; веднаш по неа следи услугата фиксната телефонија, 74,4 отсто од корисниците би останале на истиот оператор, кај услугата интернет каде 71,3 отсто од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, додека лојалноста е најниска кај корисниците на услугата телевизија, 66,5% од испитаниците би останале на операторот што го користат.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови