15 Декември, 2019
0.0193

„На таа треба да и судат на плоштад граѓаните“, вели мајката на Пино за соучесничката во убиството

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019

Ни денес не почна судењето за Ангела Ѓорѓиева која го намами Пино Секондо да дојде на насипот каде што е убиен.

Овој случај ја потресе јавноста кога по неколку месеци од непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

Тоа беше скелетот на Пино.

Неговата мајка Маја Трпчевска денеска со верба дојде во судницата но како што самата кажа пред медиумите заминува разочарана.


Според неа обвинетата во судницата има поголеми права отколку таа како мајка на убиениот.

-Што да очекувам од овој суд и оваа држава? Јас моето дете го закопав во кутија со четири коски.  Додека јас плачев по улици таа шест месеци си беше дома и си јадеше лепче. На таа треба на плоштад да и суди народот. Не разбирам што ќе и суди судот кога таа веќе призна. Моето дете е убиено. Да очекувам да ми го вратат ли? Како јас ќе му соопштам на мојот сопруг во Италија каков е судот во Македонија? Јас ги собирам куферите и си одам-со солзи во очи зборуваше мајката.

Пино исчезна минатата година во декември а случајот со потрагата по него заврши на 29 април годинава.

Осомничениот убиец Али Фуркан е во бегство а обвинителката денеска кажа дека на 10 мај влегол во земјава а на 27 му се губи трагата .



Видео: 24 Инфо.мк

Можеби ќе ве интересира

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Какво време да очекуваме од утре?

Какво време да очекуваме од утре?

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Тетово и Битола утрово високо загадени

Тетово и Битола утрово високо загадени

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Софија Богоева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата

Софија Богоева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата

Мицкоски бара резолуција за јазикот

Мицкоски бара резолуција за јазикот

Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда