29 Март, 2024
0.0840

На ТТК банка и успеа во кризната 2020: Објавен резултатот и топ добивката

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ТТК банка остварила во 2020 година бруто добивка од 100,9 милиони денари (1,64 милиони евра) или 90,6 милиони денари нето (1, 47 милиони евра). Остварениот финансиски резултат на банката чии акции котираат на официјалниот пазар на Македонска берза покажуваат дека и покрај кризата предизвикана од пандемијата, друштвото успеало да остане отпорно на негативните влијанија и на предизвиците. Финансиските извештаи ги утврдил на денешната седница Надзорниот одбор на банката, а во коментарот стои дека позитивниот финансиски резултат за минатата година ја зацрврстува стабилноста на банката и создава база за здрав раст во иднина. Нето оперативните приходи во текот на минатата година изнесуваат 462,7 милиони денари (7,5 милиони евра), а во истовреме трошоците се 332,6 милиони денари (5,4 милиони евра) .

„Структурално гледано, остварениот позитивен финансиски резултат во 2020 година е со квалитет кој ја зацврстува стабилностa на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период. Тој е резултат најмногу на ефектите од редовните приходи на Банката и е значително подобар од оној што менаџментот на Банката го предвидуваше со финансискиот план на почетокот на здравствената криза, стои во образложението на финансискиот резултат.

Клучно за работењето на банката и за акционерите е што има раст на сите приходи. Нето приходите од камати кои се најголема ставка во вкупните пораснале минимално и изнесуваат 269,3 милиони денари (4,3 милиони евра) за сите 12 месеци од 2020 година. За таа сметка сепак има значаен раст на нето приходите од провизии и надоместоци за услуги кои бележат раст од шест проценти во однос на 2019 година и кои изнесуваат 147,7 милиони денари ( 2,4 милиони евра) во 2020 година. Тие дури го надминуваат за 5,9 отсто планот за 2020 година. Нето-приходите од тргување изнесуваат  минус 5,2 милиони денари ( над 84 илјади евра) и во однос на минатата година бележат значајно намалување за 21,8 милиони денари (над 354 илјади евра)  како резултат на падот на пазарната цена на сите акции од портфолиото за тргување..

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 332,6 милиони денари ( 5,4 милиони евра) и во однос на минатата година се повисоки за 1,6  процент како резултат во најголем дел на повисоки трошоци за плати, како и материјални трошоци и административни трошоци. Остварувањето е на ниво на планот за 2020 година.

Во текот на минатата година ТТК банка исплати дивиденда во бруто износ од 99.867.680 денари или 110 денари по акција.

Во извештајот стои дека неизвесноста и ризиците што ги носи здравствената криза врз економијата и натаму се присутни и во вакви услови, засега, вниманието на ТТК Банка АД Скопје е насочено кон намалување на можните негативните ефекти.

Банката ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон стабилно и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и предвидливи очекувања. Растот на кредитната активност се очекува да продолжи да се реализира преку работата со населението и со малите и средни претпријатија, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и зголемената побарувачка за кредити. Притоа, Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите - правни и физички лица кои се најзасегнати од COVID-19 кризата. Одржувањето на ниска стапка на ненаплатливи кредити како еден од поизразените трендови претставува континуирана цел и во иднина ќе се реализира преку ефикасни политики на навремено дејствување, продажба на ненаплатливите кредити и очекувања за подобра наплата како последица на очекуваната економска стабилизација, стои во извештајот.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи