19 Април, 2024
0.0247

На Владо Јаневски му се слошило и го откажа концертот

Објавено во: Стил 12 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Одложен е концертот на Владо Јаневски поради неговата здравствена состојба. Фановите се загрижени и прашуваат што се случува со пејачот.

„Драги пријатели,
Со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, којшто требаше да се одржи на 01 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски.

Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски, во ВИП арена.

Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено“. беше истакнато од Авалон продукција.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре