На враќање од Грција се запали автобус со српски туристи
Објавено во: Балкан 11 Август, 2019
Се запали автобус со српски туристи во Грција.
Tие се враќале од летување на островот Егина, а автобусот се запали синоќа кај Лептокарија.
Во автобусот се возеле 47 патници, но благодарение на брзата реакција на возачот никој не е повреден, пренесе „Танјуг“.
Како што јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации споделени на социјалните мрежи, во незгодата нема повредени лица.