20 Април, 2024
0.0266

На Заев му се брза, Антикорупциска нема повеќе од десет месеци

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев истакна дека повеќе нема да има одложување по десет месеци чекање за нов состав за Антикорупциска комисија. Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси од денес со европско знаменце ќе има приоритет и веќе е на дневен ред на пленарна седница во Собранието.

„Со Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси силно ќе се спротиставиме на корупцијата во Македонија. Активирањето на професионална и независна Државна комисија за спречување на корупција, не трпи повеќе одложување.

На потег се пратениците во Собранието да ја потврдат нашата заедничка заложба за борба против корупцијата и конфликтот на интереси.

Со усвојувањето на Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси на пат сме да изградиме силна и независна институција и систем за да запре корупцијата во државата“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Антикорупциската комисија започна со расформирање во март минатаат година, а од тогаш беше посериозно најавен нејзиниот нов состав за изминатата есен, но тоа не се слуки.

Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека антикорупцискиот закон ќе биде донесен за кусо време, но ќе се одолговлекува со изборот на новиот состав. Собранискиот спикер не беше оптимистички настроен дека ќе има нов состав на антикорупционери до претседателските избори што ќе се одржат на пролет.

Ова клучно тело во борбата со корупцијата и митото, од кое ефикасност бара и Европската унија, и кога беше формирано не делуваше функционално, особено во последните години од владеењето на претходната Влада кога речиси немаше никакви наоди и извештаи.

Одредбите од предлог законот предвидуваат антикорупционерите отсега да го следат финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи, што до сега не беше случај. Како новина е и тоа што Комисијата ќе може да прави директен увид во сметките на политичарите, но и да покренува постапки пред надлежните органи за наодите во ревизорските извештаи.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите