20 Април, 2024
0.0270

На Змискиот Остров повторно се вее украинското знаме, ова е голема победа за Украина

Објавено во: Свет 04 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Украина го подигнала своето знаме на Змискиот Остров. 

Информацијата ја објави украинската војска, откако руските сили минатата недела објавија дека се повлекле од островот. 

„Воената операција заврши и територијата (Змискиот Остров) е вратена во јурисдикција на Украина“, изјави Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина.

Русија во четвртокот објави дека се повлекла од Змискиот Остров како „знак на добра волја“ за да покаже дека не се меша во напорите на Обединетите нации за отворање хуманитарен коридор што дозволува испорака на жито. Украина тврдеше дека ги истерала руските сили по артилериски и ракетен напад. Контролата на островот, кој се наоѓа на околу 40 километри од брегот на Украина, ѝ дозволи на Русија да ги загрози поморските патеки што водат до и од Одеса. Островот стана симбол на украинскиот отпор на почетокот на војната кога граничарите стационирани таму ги одбија руските барања да се предадат или да загинат. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека ќе ја вратат контролата на украинските градови кои сега се под руска окупација. 

фото МВС Украина

Можеби ќе ве интересира

АБАЗ: Америка ги прекрши меѓународните закони, Eрусалим е црвена линија

АБАЗ: Америка ги прекрши меѓународните закони, Eрусалим е црвена линија

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица