23 Април, 2024
0.1924

НАБЛИЖУВА 1 ЈАНУАРИ: Се брише ли границата меѓу Косово и Албанија?

Објавено во: Балкан 27 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Албанија и Косово наскоро ќе имаат заеднички контроли на граничните премини. 

Ова ќе функционира од први јануари.  Одлука за тоа донесе албанската Влада, која министерот за внатрешни работи Сандер Леши ја оцени како „многу значајна промена на границата со Косово“.

Но, според него ова не е последната промена што ќе се случи.

„Значајни промени во граничното управување со Косово. Двојните контроли се отстранети. Полициите на двете земји заеднички ќе вршат контроли според начелото едно запирање, една контрола, контрола на едношалтерски систем. Владата донесе одлука за оваа важна промена, што го олеснува слободното движење меѓу Албанија и Косово“, напиша на Твитер, Леши.

Олеснувањето на слободното движење не завршува тука. Набрзо ќе бидат преземени многу поважни чекори, со цел целосно да се воспостават европските стандарди на албанско-косовската граница, наведе Леши.

Дел од албанските медиуми  објавувајќи ја веста, оценија дека премерот Еди Рама не ја „исполнил желбата на минстерот за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко, кој бараше целосно отстранување на албанско-косовската граница“.

Мајко на 1 јануари годинава на Фејсбук остро ја критикуваше Владата на Рама што не ја брише „албанско-албанската граница“. Откако беше најавено дека ќе има заеднички контроли, српските власти оценија дека е ова чекор кон формирање на Голема Албанија на терен. 

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа