Нацрт – Договорот за добрососедство ќе биде презентиран на комисија
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017
Нацрт – Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре на затворена седница ќе биде презентиран пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.
Седницата е закажана откако денеска до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија. На седницата се очекува да присуствува и премиерот, Зоран Заев.
Минатата недела, кога Заев го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, кажа дека договорот со Бугарија, ќе им го достави на увид на пратениците.