Над 1.000 Кинези се уапсени поради перење пари преку криптовалути
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2021
Во Кина се уапсени 1.100 луѓе поради перење пари преку криптовалути.
Министерство за јавна безбедност објави до вчера попладне се уапсени членови на повеќе од 170 криминални групи вмешани во употреба на криптовалути за перење на пари. Уапсените криминалци на клиентите им наплаќале провизија од 1,5 до пет проценти од илегалната заработувачка за да ја префрлат во криптовалути. Кинеската асоцијација за борба против перењето пари соопшти дека е забележан раст на криминалните случаи поврзани со криптовалути. Три кинески индустриски тела минатиот месец забранија плаќање со криптовалути. Во меѓувреме, вредноста на биткоинот расте. foto freepik