18 Април, 2024
0.0340

Над 15 цивили убиени: Турската војска напаѓа во Сирија

Објавено во: Свет 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Над 15 цивили се убиени, а повеќе од 20 се повредени во гранатирањето на турскaта армија кон сириските гранични градови.Турското Министерство за одбрана соопшти дека копнените сили денеска продолжиле да напредуваат кон позициите на курдските борци на северот од Сирија. Вчера турската армија нападаѓаше преку воздух. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера објави дека турската војска почна операција „Извор на мирот“ против Курди и терористи на ИД во северна Сирија. 

Оваа операција беше остро осудена во меѓународната заедница. Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, и оти нападот е лоша идеја.

– Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. САД не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски војници во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни – особено оние од кои САД немаат корист, се посочува во пишаната изјавата на Трамп.

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе разговара зад затворени врати на барање на пет европски држави (Велика Британија, Франција, Полска, Германија и Белгија), додека Арапска лига в сабота ќе одржи вонреден состанок на барање на Египет.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа изрази длабока загриженост околу ситуацијата во североисточниот дел на Сирија.

И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини повика Турција да ја прекине воената акција.


Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?