17 Април, 2024
0.0245

НАД 300 ПРЕСТРЕЛКИ ВО САД ОД ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА, масакрот во Чикаго ги потсети Американците дека никој не е безбеден

Објавено во: Свет 05 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Викендов, Хајленд Парк им се придружи на Увалде, Њутаун и Паркланд во долгата листа на градови и населени места кои ќе останат запаметени по грозоморните масовни убиства во кои загинаа невини луѓе и многу деца.

Убиството на шест лица во Чикаго е едно од неколкуте масовни престрелки што се случија во земјата за време на викендот на Денот на независноста на САД, покажуваат податоците на непрофитна организација „Gun Violence Archive“ која ги следи инцидентите во кои е употребено огнено оружје.

- Имаше најмалку 311 масовни престрелки во САД од почетокот на годината - се наведува на нивната веб страна, пренесува „Телеграф.рс“.

Организацијата го дефинира масовното пукање како пукање во кое напаѓачот застрелал најмалку четири лица.

- Масовните престрелки се во пораст во последните години. Во 2021 година, се случија речиси 700 такви инциденти, што претставува скок од 611 во 2020 година и 417 во 2019 годин - пишува „Вашингтон пост“.

Минатата година беше најлошата во историјата на САД од 2014 година, од кога организацијата започнала со евиденција за вакви настани. Проитоа, било регистрирано дека во 2021 година имало најмалку 692 масовни престрелки.

- Последното во серијата престрелки уште еднаш ги потсети Американците дека никој никаде не е безбеден, дури и за време на националниот празник. Викендов, Хајленд Парк им се придружи на Увалде, Њутаун и Паркленд во долгата листа на градови и населени места кои ќе останат запаметени по грозоморните масовни убиства во кои загинаа невини луѓе, вклучително и голем број деца - потенцираат од оранизацијата.

Да потсетиме, Роберт Кримо, кој полицијата го идентификуваше како осомничен за убиството на шест лица и ранувањето на десетици други на парадата на четврти јули во Хајленд парк во Чикаго е уапсен.

Полицијата верува дека осомничениот вооружен маж отворил оган веднаш по 10 часот по локално време од покривот на зграда во близина на парадата.

Полицијата го окарактеризира нападот како намерен.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 18 ЛУЃЕ: Под вода и аеродромот во Дубаи

(ВИДЕО) ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 18 ЛУЃЕ: Под вода и аеродромот во Дубаи

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време