28 Март, 2024
0.0554

Над 400 гости од земјава и странство дел од годинешниот Самит Македонија 2025

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Околу 430 гости од земјава и странство беа дел од годинешниот Самит Македонија 2025. Во рамките на самитот беа одржани 14 панели на значајни теми, а во нив учествуваа повеќе од 40 говорници, кои ги споделија своите искуства и знаења во неколку различни области.

Панелите на Самит Македонија 2025, кој годинава се одржа по 11-ти пат, беа посветени на актуелни теми како што се дигиталната трансформација на бизнисите и општествата, лидерството во бизнисот, потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно можните пристапи на нивна имплементација.

“Се надеваме дека Самитот инспирира и охрабрува промени во општеството и во економијата. Нашата главна цел беше да порачаме дека и малите можат да успеат доколку брзо и флексибилно се приклучат кон трансформацијата која се случува во светот. Вистинското лидерство носи успех и затоа важно е да одиме напред кон побрз и долгорочен економски развој,”- истакна Никица Блажевска- Мојсоскаизвршен директор на Македонија 2025, заблагодарувајќи се на присутните.

На значењето на регионалната соработка и интеграциите беше посветено свеченото отворање на Самитот Македонија 2025, а на оваа тема говореа и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ. Тие порачаа дека економските и геополитички предизвици, упатуваат на неопходноста од градење партнерства со следење на позитивните примери за развој на регионот.

Самитот обедини бројни домашни и регионални бизнис лидери, општествени и политички чинители, експерти од академската заедница и претставници на граѓанскиот сектор во дискусии на разни актуелни теми.

На вториот ден од Самитот Македонија 2025 се обрати и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Пендаровски се осврна на предизвиците со кои се соочува земјата и светот и истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст, за што е потребно да се фокусираме на имплементација на нови технологии, поголема дигитализација и грижа за животната средина.

Македонија 2025 ја иницираше и Платформата за просперитетна иднина, која се базира врз 7 клучни области - образование и човечки капитал,конкурентност и водење бизнис,владеење на правото и борба против корупцијата,демократско општество,животна средина,јавно управување,дигитализација и дигитални вештини. Платформата нуди и алатка за мерење на напредокот на земјата во овие области со цел напредок во економскиот раст и развој. 

Од основањето, па досега, Македонија 2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 3,5 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образование и лидерство, донирани се 1,6 милиони долари, а во овие програми досега беа  вклучени над 650 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија.

Самитот Македонија 2025 ги обединува водечките компании, бизнис лидери, општествени чинители и институции во промовирање на успешни примери кои придонесуваат кон одржливи иницијативи и раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија