28 Март, 2024
0.0778

Над 48.000 посетители на саем на книгата

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

31. издание на Саем на книгата 2019 кој траеше од 8 до 14 мај, вчера се затвори и ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетија 48.000 обожаватели на пишаниот збор од кои 40% беа ученици.

Соработката со Република Унгарија и Унгарската амбасада во Република Северна Македонија, кој оваа година беше земја во фокус на саемот, како и соработката со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии за полесен пристап на посетителите до најголемата културна манифестација, резултираа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем оваа година да го зацврсти  неговото постоење, без разлика на местоположбата.И оваа година ја добивме поддршката од Министерството за Култура на Република Северна Македонија, што беше исклучително важно за самата манифестација а и за издавачката дејност. Овој саем ќе го памтиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на саемот на книгата.  - изјави Сања Кондарко - проект менаџер на Саемот на Книгата.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето на награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На 31. издание на Саем на книгата 2019, кој се затвори вчера, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.

Саемот беше организиран под мотото 31 година Читај со задоволство!

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“