Над 80 отсто изгореници имаат двете жени повредени во експлозијата, нивната состојба е тешка и критична
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020
Двете жени повредени во вчерашната експлозија нво Романовце имаат изгореници над 80 отсто и се во тешка и во критична состојба.
Во тешка и критична спстојба е и повредениот маж, информираат од Клиниката „Мајка Тереза“.
Директорот на ТОАРИЛУЦ Илир Хасани денеска информираше за состојбата на повредените, хоспитализирани се тројца пациенти, две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.
„Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба“, истакна Хасани.
Синоќа на КАРИЛ на повредите им подлегна 60 годишен маж. Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која вчера загинаа деца на возраст од 8, 9 и 11 години.