Над половина метар снег ја парализираше Словенија
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2021
Снежно невреме ја зафати Словенија. Половина метар снег има во делови од земјата поради што е отежнат сообраќајот, а патиштата се затворени.
Во Савињскиот регион има 40 сантиметри снег, а на планините има повеќе од половина метар снег.
Најмногу снег има во Солчава, Велење, Војник, Крањ, Подвелка, Равне на Корошкем, Жалец и Марибор. До надлежните служби се пријавени 17 инциденти, а покрај професионални противпожарни единици, ангажирани се и 11 доброволни.
Најголем дел од работата се однесуваше на отстранување на дрвјата кои паѓаа под тежината на снегот и ги блокираа патиштата.