Надежта последна умира, Коѕијас се надева дека премиерите ќе ја решат судбината на Македонија
Објавено во: Балкан 05 Април, 2018
Коѕијас по последната средба со Димитров која се одржа во Виена заедно со медијаторот Метју Нимиц изјави дека се надева оти на следната средба ќе бидат подготвени да направат голем чекор.
Претходно, Никос Коѕијас и Никола Димитров имаа средба во Скопје, за која грчкиот министер првпат слета на аеродромот „Меѓународен аеродром Скопје“ којшто беше сменет во знак на добра волја за односите со Грција.
По оваа средба, доколку сѐ помине во најдобар ред, спорот со името преминува во рацете на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.