Надлежните не влегоа во станот каде мајка 13 години ги држи затворени двете ќерки
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2017
Надлежните не влегоа во станот на улицата Димче Лахчански во Битола, каде мајката Мирјана со години ги чува во излоација, без контакт со надворешниот свет двете ќерки Наташа и Елена Колевски, на возраст од 35 и 34 години, oбјави Телма.
Социјалните работници и
полицијата, направија неколку обиди да ги убедат да ја отворат вратат, но безуспешно,
по што околу 19 часот се откажаа од намерата. Рекоа дека преку затворена врата
разговарале со трите жени, кои биле контактибилни и одбиле секаква помош, заради
што процениле дека во станот не може да се влезе насилно. Ова се случуваше откако
Телма ја објави приказната, што ја раскажуваат соседите, кои ќерките не ги виделе со
години, но постојано ги слушаат нивните болни лелеци додека мајката не е дома