29 Март, 2024
0.0283

НАДЛЕЖНИТЕ РЕШИЈА: Еве по чиј пример ќе го расчистуваме воздухот

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Воздухот во Македонија ќе го прочистуваме по примерот на Полска.

Планот за чист воздух, кој неодамна го донесе Владата ги следи истите правци и компоненти како Полска, изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули по средбата со помошникот државeн секретар во Министерството за животна средина на Република Полска, Славомир Мазурек на Светската конференција за климатски промени – СОР 24.

На средбата е покажано обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација „Оn forest for the climate”,  предложена токму од Република Полска.

„На состанокот беше договорено во рамки на ЕУ механизмите за поддршка, учество на експерти од Полска, во обезбедување на дополнителни механизми, со цел поуспешна имплементација на Планот за чист воздух“– вели Макрадулу.

Разговарано е и за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени. Во разговорите најголем акцент е ставен на проблемот со аерозагадувањето.

Средствата за реализација на таа Програма се од националниот буџет, ЕУ средства и од поддршката на компаниите, односно од деловната заедница.

Полска има 10-годишна Програма за чист воздух, која  има за цел справување со аерозагадувањето од домаќинствата. Тоа значи замена на печки за затоплување на домовите, предвидени се субвенции за енергетска ефикасност, како и стимулирање на поврзувањето на центалниот систем за затоплување.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска прстот го вперија кон власта. 

„Битолчани, скопјани, струмичани и кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух. Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо. Црн воздух, црн живот во Република Македонија. Секојдневно болниците ширум  државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и  белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето“,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, а сега две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето е проблем за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав