14 Февруари, 2025
0.0439

НАФТА, АВТОМОБИЛИ, ДОМАТИ, ПА ДУРИ И АВОКАДО: Ова е листата со производи на кои Трамп ќе воведе нови тарифи за Мексико и Канада

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп за Канада и Мексико, а потоа одложени за еден месец, може да предизвикаат потресување на синџирите на снабдување за низа производи, од автомобили до авокадо, при што индустриите очекуваат зголемување на трошоците.

Увозот на САД од двете земји изнесуваше речиси 900 милијарди долари во 2023 година, а патиштата за снабдување меѓу трите земји поврзани со трговскиот договор се цврсто интегрирани. Новите тарифи може да предизвикаат компликации за компаниите кои работат во една или повеќе земји.

Аналитичарите очекуваат тарифите од 25 отсто за Канада и Мексико силно да го погодат автомобилскиот и електронскиот сектор.

Иако беше воведена пониска царина од 10 отсто за канадскиот извоз на енергија, таа сепак е зголемување бидејќи САД досега немаа царини за увоз на канадска нафта.

Мексико и Канада, исто така, заземаат значителен дел од американскиот увоз на земјоделски производи, што значи дека тарифите би можеле да ги зголемат цените на популарната храна како авокадо и домати.

Канада: енергија, автомобили

Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер Џастин Трудо, најавувајќи мерки кои требаше да стапат на сила следниот ден.

Речиси 80 отсто од извозот на стока на Канада, во вредност од речиси 410 милијарди долари, оди во Соединетите држави, според статистиката на Канада.

Царините тешко ќе ги погодат канадските автомобилски и енергетски сектори, имајќи предвид дека тие претставуваат повеќе од 40 отсто од канадскиот извоз во САД.

Извозот на енергија главно се однесува на сурова нафта и битумен, како и природен гас.

Автомобилскиот сектор во Онтарио, најнаселената провинција во Канада, се соочува со посебни предизвици. Тоа е затоа што „различни делови ја минуваат границата неколку пати пред да завршат во готовиот производ“, објасни Роберт Кавчиќ од Банката на Монтреал.

САД увезува градежни материјали и од Канада, што значи дека царините би можеле да ја зголемат цената на станоградбата. Повеќе од 70 проценти од увозот на двата клучни материјали што им се потребни на градежниците – дрвена граѓа и гипс – доаѓа од Канада и Мексико, изјави претседателот на Националното здружение на градежници, Карл Харис.

„Тарифите за дрвена граѓа и други градежни материјали ги зголемуваат трошоците за изградба и ги обесхрабруваат новите градежни проекти“, рече тој.

Мексико: автомобили, електроника

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот на својата социјална мрежа „SocialTruth“ потврди дека стапува на сила едномесечната „пауза“ на воведувањето царини од 25 отсто за Мексико, кои требаше да започнат во вторник.

Тој рече дека имал „многу срдечен разговор со (мексиканската) претседателка Клаудија Шеинбаум“ и нагласи дека преговорите ќе се одржат во текот на едномесечната пауза за да се најде договор со Мексико.

Според Националниот институт за статистика, мексиканскиот извоз во Соединетите држави изнесува 84 отсто од стоките што ги продале на светот минатата година. Вредноста е повеќе од 510 милијарди американски долари.

Автомобилскиот сектор, возилата и деловите, како и секторите за производство на електроника и машини, најверојатно ќе бидат најтешко погодени од царините. Овие сектори продаваат речиси половина од своето производство во САД, велат аналитичарите на Capital Economics.

Тарифата од 25 проценти ќе го погоди и прехранбениот сектор. Во 2023 година, Мексико обезбеди 63 отсто од увозот на зеленчук во САД и речиси половина од увозот на овошје и јаткасти плодови, според американското Министерство за земјоделство.

Повеќе од 80 отсто од американските авокадо доаѓаат од Мексико, што значи дека повисоките увозни цени може да ги зголемат цените на производите како намазот од авокадо.

ФОТО: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Можеби ќе ве интересира

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки