19 Април, 2024
0.0305

НАФТЕН БИЗНИС: Макпетрол губитник во односот со енергетските власти?

Објавено во: Економија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Зошто компанијата врши дејност и создава трошоци за што не може да наплати, а РКЕ вели дека не мора да ја врши таа дејност за која годишно 1,5 милиони евра наместо во џебовите на малите акционери завршуваат во трошок за складирање државни нафтени резерви? Ќе ги прашаат ли малите акционери големите менаџери на „Макпетрол“? Зошто во тој период не нашле решение туку плаќале за трошок што не морале да го прават? Дали повеле и водат соодветни судски постапки за штета врз компанијата што ја водат?

Дали Регулаторна комисија за енергетика е изговор за работењето на менаџментот на „Макпетрол“? Ова прашање реално се наметнува по последното соопштение на Регулаторната комисија за енергетика во кое јасно и недвосмислено пишува дека РКЕ „не му наложува да ја врши оваа нерегулирана енергетска дејност, ако од истата трпи штета и загуба, се потенцира во соопштението на регулаторот“.

Од овие зборови јасно се наметнува дилемата дали „Макпетрол“ мора да ги складира државните резерви на сурова нафта и нафтени деривати особено затоа што тоа е трошок што компанијата го има, но не може да го наплати заради тоа што, според „Макпетрол“ Владата е виновна зашто нема подзаконска регулатива која ги уредува тие прашања. Токму заради расчистување на дилемата „Фактор“ испрати прашања до „Макпетрол“ во кои побара одговори и коментар токму на последната реченица од официјалното соопштение на РКЕ. Доколку добиеме одговори од „Макпетрол“ ќе ги објавиме во целост.

Ќе бараат ли акционерите на „Макпетрол“ отчет?

Во оваа ситуација факт е дека единствен губитник е „Макпетрол“ и неговите многубројни мали акционери – домашни физички лица. „Макпетрол“ официјално соопшти дека секоја година троши околу 1,5 милиони евра кои ги плаќа за складирање на државните нафтени резерви. Лиценца на „Макпетрол“ била со важност од 10 години и е истечена заклучно со 2015 година. Тоа значи дека лани и годинава таа компанија ќе складира резерви и ќе создава нови трошоци. Ова значи дека секоја од овие години тие пари наместо да завршат во џебовите на малите акционери или во инвестиции за подобрување на работењето на компанијата и подобрување на нејзината пазарна позиција. 

Секој од акционерите на „Макпетрол“ има легитимно право да праша и да побара објаснување за трошокот што е правен. Дали некој од малите акционери ќе побара отчет од раководството на компанијата? Во најмала рака барем во овој период од истекот на лиценцата во 2016 година и во 2017 година „Макпетрол“ троши 3 милиони евра кои се пари на акционерите, а трошокот го креираат органите на управување и на надзор заради тоа што не нашле решение за надминување на овие прашања кои креирале трошоци за компанијата.  

Проблемот меѓу „Макпетрол“ и РКЕ стана јавен кога лани за прв пат компанијата објави дека РКЕ и покрај истекот на лиценцата, што „Макпетрол“ ја имаше од 2005 до 2010 година, им наложила да останат чувари на државните нафтени резерви, а тие не сакаат да го прават тоа заради тоа што не добиваат надоместок. РКЕ во последното соопштение пишува дека заради обемност на документација и сложеноста на нејзино обезбедување од други надлежни инстанци трае постапката за лиценцирање одлучиле да го продолжат рокот за превземање одделни дејствија и донеле Заклучок со кој го продолжиле рокот на лиценцата на „Макпетрол“ за една година. Ова соопштение следуваше на ценовно-чувствителната информација што ја објави „Макпетрол“ во која наведува дека 26 години на сопствен трошок ги чуваат државните нафтени резерви и ја обвини Владата дека го одолговлекува процесот за донесување на  подзаконски акти, кои го регулираат надоместокот за складирање на нафтени деривати за потребите на Република Македонија.

Во Заклучокот, РКЕ се повикува на сигурноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати и ја остава во сила лиценцата, од причина што чувањето на задолжителни резерви од нафта и нафтени деривати претставуваат обврска за секоја држава членка или земја кандидат за влез во Европската унија. Целото соопштение на РКЕ може да го прочитате на следниот линк http://erc.org.mk/odluki/2017.04.18_Reakcija%20RKE%20na%20objava%20od%20Makpetrol%20za%20licenca%20za%20skladiranje.pdf

Ценовно-чувствителната информација на „Макпетрол“ е на следниот линк SEI Net V2

Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“