24 Април, 2024
0.0263

Нафтените трговци ќе се опарат, државата ќе им плаќа за чување на резервите

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Државата ќе им плаќа на нафтените трговци по 2,5 евра по тон на нафтените трговци кои ќе ја складираат нафтата што како резерва и припаѓа на Дирекцијата за нафтени резерви. Претходно увозниците во земјата не добиваа никаков надомест за оваа услуга а беа должни да ја чуваат во своите складишта.

- Со Уредбата за утврдување на висината на надоместот за чување и евапорација (испарување) на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви што ја усвои Владата на последната седница и се овозможува на Агенцијата за нафтени резреви практично да плаќа надомест за чувањето на нафтените резерви. Цената е 2,5 евра по тон. Агенцијата во својот Буџет има обезбедено средства за исплата, потврди министерот за финансии Драган Тевдовски.

Агенцијата за нафтени резреви ќе плаќа надомест откако Уредбата ќе биде објавена во Службен весник.

Претходно, Дирекцијата за нафтени резерви предложи нова уредба со која на нафтените компании треба да им се плаќа по едно евро од метар кубен за „државниот“ дизел што ќе го чуваат и складираат.

Инаку, граѓаните со секој купен литар гориво и плаќаат на државата од 0,3 до 0,89 денари за нафтените резерви, па по оваа основа државата годишно собира околу осум милиони евра, но фирмите што ги чуваат резервите, со години не добиваа никаков надоместок. 

Актуелниот начин на добивање „компензација“ е застарен и потекнува од времето на СФРЈ со кој компаниите може да го користат горивото од резервите, но потоа да го вратат, што во суштина значи никаква добивка за тоа. 

Проценките говорат дека приватните компании годишно трошат по 3 до 4 милиони евра за чување на државните резерви на нафта во своите резервоари.

Самата Дирекција тоа го признава дека овој начин на обврските повеќе не кореспондира со реалната ситуација и бара „итно решавање на ова горливо прашање“. 



Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?