25 Април, 2024
0.0281

Награди од француската државна железница за строгите контролори во возовите

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Конторлорите во регионалните возови на регионот Центар во Франција ќе добиваат награди во вид на мултимедијални апарати, ако покажат добри резултати во откривањето на патници без билети.
Оваа одлука на регионалната дирекција на државната железница СНЦФ предизвика незадоволство во синдикатот СЖТ, но дирекцијата не се откажува од наградите за бројот на напишаните казни за несовесните патници. Меѓу наградите на СНЦФ, кои се ставени на плакат во бироата на железничарите, контролорите имаат избор меѓу компјутер, конзола за видео игри, дигитален фотографски апарат и четириесетина вредносни бонови на износ од 30 до 40 евра. Победници се оние контролори кои ќе откријат најголем број на патници без билети или со лажни билети. Оваа наградна игра не е по вкус на синдикатот со оглед дека тој беше во конфликт со дирекцијата по агресијата врз контролори во регионалните возови. Според синдикатот во возовоите има патници кои се користат со фалсификувани билети или пак се возат без билети, дека поради недостиг на персонал контролите се многу поретки, ова поради одлуките на железницата. Синдикатот притоа ги повика контролорите да ја бојкотираат „наградата“

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?