НАЈАВА ОД УХМР: Ќе има ли невреме и утре?
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
За утре од УХМР најавуваат значително посвежо, ветровито и променливо облачно време со засилен северен ветер.
Метеоролозите за утре најавуваат и локални врнежи од дожд и грмежи.
Во петок ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.