Најавен бојкот на предвремените избори во Венецуела
Објавено во: Свет 23 Август, 2019
Бојкот ќе има на предвремените избори во Венецуела.
Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, порача дека политичките противници на претседателот Николас Мадуро нема да учествуваат на какви било предвремени избори што ќе бидат распишани.
Гваидо вели дека организирањето избори додека Мадуро е на власт би било фарса.
Актуелната власт во Венецуела најави дека ќе бидат распишани парламентарни избори на почетокот од следната година.