28 Март, 2024
0.0248

Најавени 20% поголем број на турсти од Холандија со светскиот туроператор Корендон

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Првите холандски туристи слетуваат утре на 8-ми мај со туроператорот Корендон. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат  до 16-ти октомври оваа година.


На почетокот Корендон  ќе лета два пати неделно до Охрид, во вторник и во петок, додека во најголемиот ек на сезоната – во јули и август, компанијата ќе додаде уште еден лет, со напомена дека овие податоци се променливи во зависност од побарувачката. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани околу 50 чартер-летови и Охрид да го посетат над 10.000 холандски туристи само со туроператорот Корендон. Оваа сезона најавено е зголемување од 20% на резервации со оваа компанија, со што би се зголемил и сообраќајот на аеродромот ,,Свети Апостол Павле’’.

“Оние што повторно доаѓаат во Охрид добро ги познаваат неговите непроценливи убавини, а оние што прв пат стапнуваат на македонско тло веруваме дека ќе се воодушеват од уникатноста на регионот, реткостите од историска и културна природа, како и диверзивноста на активностите што ги нуди природата на македонскиот туристички бисер. Лани 2017 година, Македонија ја посетиле 26889 холландски туристи со остварени 141675 ноќевања, со што се во првите 10 туристички пазари во нашата земја.”- истакнуваат претставници од  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и ТА Фибула.



Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија