НАЈБЛИСКИТЕ ОЧАЈНО ЈА БАРААТ: Каде исчезна Марија од Босилово
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020
Помогнете ни да ја најдеме, таа никогаш не би го оставила своето семејство, очајно молат најблиските на 28-годишната Марија Брзакова од село Босилово која заминала од дома пред три дена и не се вратила.
Мајката на Марија раскажала за Фокус дека документите но и мобилниот на девојката и се дома а излегла во тренерки.
Не е познато ниту дали исчезнатата на себе имала патики или пак влечки.
-Сите сме вознемирени, Марија не би си го оставила детето никогаш.Таа е семеен човек, има костенлива долга коса, висока околу 160 сантиметри-раскажала мајката.
За ова е известена и полицијата а јавноста се моли доколку ја забележи девојката да ги извести или најблиските или надлежните.