НАЈБОГАТИОТ КИНЕЗ ОД ДАВОС ПРЕДУПРЕДУВА: Светот се лизга кон трета светска војна
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2019
Бројните технолошки достигнувања и напредок во светот би можеле да доведат до трета светска војна, предупредил основачот на платформата Алибаба и еден од најбогатите луѓе во светот Џек Ма.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, тој нагласил дека светските велесили би можеле да покренат борба за технолошка доминација.
-Првата светска војна избила поради првата технолошка револуција. Втората светска војна предизвика друга технолошка револуција. Сега сме во трета технолошка револуција ...“ рекол Ма.
Додал дека светските трендови веќе довеле до почеток на редистрибуција на моќта.
Го истакнал растот на Кина и Индија и најавил дека Африка би можела да почне да профитира од третата технолошка револуција.
-Како тоа ќе се доживее во развиениот свет, кој останува без својот дел од колачот, во кој платите паѓаат и доцнат ....Како лидерите на тие земји ќе реагираат кога видат дека повеќе не се така главни, како некогаш-се запрашал Ма во текот на настапот во Давос.