Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит
Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2024
Аплицирањето за кредит може да биде стресно, особено ако го правите тоа по прв пат. Најчесто, грешките во овој процес можат да доведат до залудно изгубено време, пари и нервоза. Еве што треба да знаете пред да земете кредит за да го направите ова искуство попријатно:
Познавање, односно непознавање на вашиот кредитен рејтинг
Вашиот кредитен рејтинг е клучен фактор при аплицирањето за кредит. Пред да започнете со апликацијата, проверете ја вашата кредитна историја и уверете се дека сите податоци се точни. Познавањето на вашиот кредитен рејтинг ќе ви помогне да разберете кои типови на кредити може да ги добиете и да ги избегнете непотребните изненадувања.
Истражување на понудите и правење споредба
Кога се одлучувате за кредит, не заборавајте да ги разгледате сите понуди на пазарот. Различни кредитори нудат различни каматни стапки, различни услови за кредити, различни провизии и сл., па затоа е важно да ги споредите сите понуди. Со малку напор може да откриете понуда која е подобра од онаа која првично сте ја наумиле.
Обрнете внимание на „ситните букви“
Читањето на деталите за кредитот, преддоговорните информации и договорот за кредит може да изгледа обемно и досадно, но тоа е клучно за целиот процес, но и избегнување на непријатни ситуации. Пред да го потпишете договорот, внимателно прочитајте го целокупниот текст, вклучувајќи го и ситниот печат. Ова ќе ви овозможи точно и прецизно да разберете на што се согласувате и какви ќе бидат последиците за вашите финансии. Уверете се дека сте информирани за сите трошоци, каматни стапки, услови на отплата и други важни детали.
Започнете со јасен буџет
Пред да аплицирате за кредит, бидете сигурни дека имате јасен буџет. Тоа ќе ви помогне да одредите колку можете да си дозволите да позајмите и ќе ве заштити од преземање на кредит кој не можете да го отплатите.
Проценете колку навистина ви е потребно
Една од најчестите грешки е неправилното проценување на потребниот износ на кредитот. Често пати, кредитобарателите ги преувеличуваат своите потреби, што автоматски се насочуваат кон позајмување на сума пари поголема отколку што е неопходно, а со тоа и повисоки трошоци за кредитот. Прецизно пресметајте ја цената на тоа што сакате да го купите и позајмете онолку колку што ви треба.
Потценување на обемот на документација и процесот на апликација
Аплицирањето за кредит вклучува пополнување на податоци, формулари и обезбедување докази за приходите. Овој процес не само што одзема време, туку и неуспехот да се обезбеди потребната документација може да го одложи, па дури и да го попречи вашето барање за кредит. Особено кај банките. Проверете дали сите формулари се пополнети точно и дали ги имате сите потребни документи.
Кажете ја реалната состојбата
Кредиторите ќе ја проверуваат вашата целокупна кредитна историја, па затоа е важно да бидете искрени кога ги пополнувате апликациите. Лажирање или погрешно претставување на било која информација може да резултира со одбивање на кредитот.
Проценете ја Вашата финансиска состојба за само 5 минути овде -> https://smart.eleving.com/mk/
пр објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.