24 Април, 2024
0.2579

Најчевска по откриената „Јавна соба“ предлага воведување предмет сексуално образование во школите

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

“Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група.“

А јас ете се прашувам, остана ли еден нормален човек во земјава? Ќе ги откривале мотивите за споделување и ширење на фотографии на гениталии од страна на деца. Ма не ме зезај.

1. Сесуалноста и сексот се исклучително важна тема за децата (како и да ги гледате тие се сексуални битија). И тоа е многу силен мотив за формирање на ваква страна и толкав интерес за неа. Тоа е облик на истражување и откривање на границите на дозволеното и пркосење на светот на возрасните.
2. Децата не се раѓаат со сознанија за тоа што е меѓучовечка комуникација, почитување на другиот, почитување на приватноста, емпатија. Тоа се учи. По дома и во училиште. Изгледа не сте ги научиле.
3. Се додека не воведете во училиштата предмет сексуално образование и не почнете отворено да разговарате со децата за тоа што ги интересира од областа на сексуалноста, нема да може да се адресира проблемот на ваков вид вознемирување.
4. Она што им прилега на децата не им прилега на возрасните. Некои работи треба да се погледнат од една поинаква (тинејџерска) перспектива. И така да се оценуваат. А не со моралистичко припаѓање во несвест.“


Фејсбук статус-Мирјана Најчевска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП