Најчевска предлага бесплатна вода и струја наместо зголемување на минималната плата
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019
За две илјади денари минималната плата ќе биде повисока од декември. Ова го одлучија надлежните а договорот е сумата да биде 14.500 денари.
Јавноста веќе почна со коментари но и негодувања за оваа одлука.
Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи дава друг предлог . Таа вели да не се зголемува минималната плата туку да се обезбеди бесплатна струја и вода и затоплување и домување за луѓето со ниски примања.
-Наместо да се зголемува минималната плата (што е финансиски проблематично, а нема многу да го промени животот на луѓето кои ќе ја примаат), јас лично за луѓето со ниски примања би обезбедила бесплатна струја и вода и затоплување и домување- пишува Најчевска на Фејсбук.
Експертската јавност пак препорачува да не се избрзува.
Но дали фирмите ќе можат да го издржат поголемиот финансиски товар, ќе мора ли некои да стават клуч на врата? ...
Фактор анализираше на оваа тема, а детално може да читате овде.