20 Април, 2024
0.0291

Најчевска по вчерашниот марш: СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Вчерашниот марш само ми го потврди стравувањето дека СДСМ полека но сигурно станува ВМРО ДПМНЕ, пишува професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.

Таа маршот на владеачката партија го опиша како глуп бидејќи, како што наведува, „го иницирале и предводеле луѓе кои имаа шанса од позицијата на власт да направат суштински промени во правосудниот систем, а не направија“.

„Граѓанските организации маршираат за да може да се слушне гласот на граѓаните кога не се задоволни од политиките на оние кои што се на власт. СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем“, пишува професорката.

И покрај тоа што стои на ставот дека СДСМ е подобра партијја од ВМРО ДПМНЕ, Најчевска вели дека актуелната гарнитура на власт не покажала дека има капацитет (морален и интелектуален) да го деконструира груевизмот. 

„И јас немам верба дека тоа може да го направи.
Вчерашниот марш само ми го потврди стравувањето.
СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ“, го завршува Најчевска коментарот на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра