28 Март, 2024
0.0261

Најчевска: Власта не може да ја урне суетен новинар, туку премиер кој не ги гледа криминалците околу себе

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Власта не може да ја урне суетен новинар, туку премиер кој не ги гледа криминалците околу себе, пишува професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи. Таа ја коментира вчерашната изјава на премиерот:

„Многу малку веројатно е неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со нехетросексуална ориентација да ја урнат владата.

Многу веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.
Меѓутоа најлесно од се владата можат да ја урнат апологети на власта (како на пример Ѓорѓи Спасов) кои очигледно не разбираат дека некои грешки не може и не смее да се покриваат затоа што покривањето само по себе уште повеќе ја продлабочува грешката.
Во случајот со употребата на зборот педер во неговото наводно колоквиално значење (па уште содржано и во речникот на македонскиот јазик како најголем срам) всушност се промовира и поддржува поврзувањето на сексуалната ориентација со одредени психолошки карактеристики. Тоа е исто како премиерот да кажал: се извинувам на луѓето од африканско потекло ама ова нигериве ... или, се извинувам на жените ама долга коса краток памет, или, се извинувам на Албанците, ама ова Шиптариве, или ...
Значи да повторам: не може да ја урнат власта неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со поинаква сексуална ориентација.
Меѓутоа владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе, кој не разбира дека и не баш добриот новинар треба да биде слушнат што кажува и дека било која од основите за дискриминација употребени во пежоративна смисла значи отворен атак врз одредена група, промоција на предрсуди и поддржување на дискриминација...“ - пишува Најчевска на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?