20 Април, 2024
0.0290

Најчевска за Силјановска: Стара реторика, стари цели, таа не нуди ништо ново

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Низа реакции предизвика името на професорката Гордана Силјановска која во име на опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе се бори за претседателска функција.

И негативни и позитивни реакции секојдневно се бројат во јавноста.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи со коментар околу кандидатката за наследник на Иванов.

„Гордана Силјановска како кандидат за претседател има две добри карактеристики.

Прво - тоа што е жена.
Второ - тоа што е повозрасна.
И тука запира доброто.
Она што е најстрашно кај нејзе како кандидат е тоа што не нуди ништо ново. 
Стара реторика, стари цели, минати идеи, веќе видени и чуени и доживеани активности.
Едноставно достоен претставник на партијата која е свртена кон минатото и чиј највисок дострел е лошо препишување од оние кои знаат или, имитации на некој оригинал.
Во тоа (препишувањето) се мешаат и христијани и партизани и меѓународни органи и организации и демократски вредности и конзервативна методологија и баби и жаби, и социјала и законодавна власт и право и ..., се на еден куп.
Таков и кандидатот. Кармакашија од контрадикторни изјави, противречни ставови, мешавина на вистини, полувистини и невистини, добро зачинето со себефалење, подмачкано со навреди и омаловажување и ставено во калапот на национализмот. 
Значи да повторам, тоа што е жена и возрасна е добро, се останато е труба“ - пишува Најчевска на Фејсбук.


„Многу е едноставно:

Кандидатката која прифатила поддршка од партијата која што ни го одзема правото слободно да одлучуваме за нашите тела, која што спроведе матка=инкубатор опресија, што укина родови студии, што ги сатанизира нашите сестри - лезбејки и транс жени, што сееше страв од ислам а со тоа и од нашите сестри муслиманки, за која сите што користат социјална помош беа паразити, која ни кажа дека се бориме за “некакви си женски права”, нема да го добие мојот глас“, пак пишува пак Билјана Котевска.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители